Легендарниот бразилски бек, Роберто Карлос се приклучи на славните фудбалски имиња како Месут Озил и Антоан Гризман, со промовирање на сопствена криптовалута.
Според порталот „Goal.com“, криптовалутата на Роберто Карлос ќе го носи неговиот лик и веќе се тргува на платформата Рели под име „$RC3“. Покрај како средство за инвестиции, Карлос им вети на своите фанови дека можат да ја користат валутата за НФТ токени и други искуства.
„Заинтересиран сум за крипто подолго време и возбуден што го правам овој скок со ‘$RC3’, со кој можам да споделам пристап до моите најголеми фанови. Во мојата кариера имав среќа да изградам фантастични односи со фанови низ целиот свет, и ова е одење на следното ниво“, вели Карлос.