Top Sport

Роберто Карлос: Сѐ договоривме, не знам како ми пропадна трансферот

Роберто Карлос во 2007 година, по десет години, го напушти Реал Мадрид. Бразиелцот кариерата ја продолжи во Фенербахче откако во последен момент му пропаднал трансферот во Челси.

„Со Челси беше се договорено. Требаше само да отидам таму и да го ставам потписот. Тоа се случуваше една недела пред да потпишам договор со Фенербахче“, раскажал Роберто Карлос.

„Бев во Париз се сретанв со Роман Абрамович и поранешниот директор Питер Кенјон. За жал во последните моменти, пред да го заклучиме договорот нешто не успеа. Тоа често се случува во фудбалот. Договоривме сѐ. Бев 100 отсто сигурен дека ќе играм во Премиер лигата.“

Инаку Роберто Карлос и во 1995 година се наоѓал пред трансфер во Премиерлигата, меѓутоа Астон Вила немале доволно пари за да го донесат.

Scroll to Top