Top Sport

„Економијата не е иста, Нејмар ќе остане во ПСЖ“

Поранешниот менаџер на најскапиот светски фудбалер Нејмар Вагнер Рибеиро очекува Бразилецот да остане во Пари Сен Жермен. Тој не очекува во летноот преоден рок Нејмар да замине од Париз.

„Очекувам дека Нејмар ќе остане во ПСЖ. Сега ќе биде поинаков фудбалскиот пазар. Ќе се смени економијата во фудбалот“, рекол Рибеиро за „Фокс Спорт“.

Тој открил дека претседателот на Реал Флорентино Перез сакал да го донесе Бразилецот во 2013 година и дека преговорите биле обновени минатото лето.

„Бев во Мадрид неколку пати. Флорентино Перез сакаше да го донесе Нејмар. Минатата година во месец мај бев во неговата канцеларија. Ми кажа дека сака да го донесе Нејмар“.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година.

Scroll to Top