Селекторот на актуелниот европки првак Италија, Роберто Манчини, поднел оставка на функцијата, објави „Либеро“.
Според овој извор, во наредните неколку часа оставката ќе добие официјална потврда.
Манчини ја презеде италијанската репрезентација во 2018 година и дебаклот во баражот за пласман на Светското првенство во Русија. Успеа да ја подмлаи репрезентацијата и во 2021 година сензационално да ја освои триулата европски шампион.
По овој неочекуван успех, следуваше уште еден голем неуспех. Азурите не успеаја да се пласираат на Мундијалот во Катар. Во баражот Македонија ја победи Италија во Палермо со голот на Александар Трајковски.
Но, и покрај тоа што го пропушти Светското првенство Манчини доби целосна поддршка од Италијанскиот фудбалски сојуз.
Интересно е што пред само четири дена беше назначен за координатор на У20 и У21 репрезентацијата.
Оставката на манчини значи дека а нешто помалку од еден месец, Италија во Скопје ќе дојде со нов селектор.
Македонија, на 9.септември, во квалификациите за пласман на Европското првенство ќе ја пречека Италија. Италијанските медиуми тврдат дека новиот селектор ќе биде Фабио Канаваро или Даниеле де Роси.