Еден од најизненадувачките фудбалски договори оваа сезона мора да е тој на поранешниот велшки репрезентативец, Роби Севиџ, кој ќе се врати на фудбалот на 45 години, потпишувајќи договор со Стокпорт таун, клуб кој по распоредот на лиги е неверојатен десеттолигаш.
Севиџ последен пат играше за Дерби каунти во Чемпионшип во мај 2011 година, по што стана ТВ-коментатор. Велшанецот, кој имаше 623 настапи во кариерата, е продукт на академијата на Манчестер јунајтед, а помина пет години во премиерлигашот Лестер сити, а играше и за Кру, Бирмингем и Блекбурн, а имаше и 39 настапи за Велс.
„Едвај чекам!“, напиша Севиџ по потписот за тимот кој се натпреварува во Првата лига на Фудбалската лига на Северозападните покраини (NWCFL).
Се очекува тој да дебитира против тимот на Освестри таун во понеделник.
⚽️ looking forward to it https://t.co/iVHzp1QxOu
— Robbie Savage (@RobbieSavage8) November 24, 2019