Top Sport

Роџерс и Лестер не им го даваат Медисон на Јунајтед

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс вели дека неговиот клуб не е под притисок да го продаде Џејмс Медисон во јануари, откако британскиот печат подолго време шпекулира дека Манчестер јунајтед прават сè да го обезбедат потписот на талентираниот фудбалер.

Роџерс вели дека се надева дека 23-годишниот Медисон ќе потпише нов договор откако постигна 9 гола и имаше 3 асистенции за „лисиците“ оваа сезона.

„Џејмс е талентиран фудбалер и ќе биде со нас во јануари и потоа. Нема порака до Јунајтед. Никој нема да замине во јануари, тоа е сигурно. Тој сака да остане и да ни помогне во патот кој е пред нас“, вели Роџерс.

Покрај Медисон, голема заинтересираност постои и за дефанзивецот Бен Чилвел, за кого се заинтересирани Челси и Манчестер сити.

„Нема потреба да продаваме бидејќи имаме силен тим, иако многу од нив се млади фудбалери. Сакаме да го засилиме тимот и ќе го направиме тоа во текот на летото“, објаснува Роџерс.

Scroll to Top