Top Sport

Циципас полуде: Го скрши рекетот, го повреди татко му, па доби лекција од својата мајка (видео)

Дуелот на Грција и Австралија од АТП купот беше одбележан со бизарен инцидент на дуелот помеѓу Стефанос Циципас и Ник Кирјос.

Циципас го загуби мечот од Ник Кирјос, а по загубениот прв сет, беше толку бесен што го скрши рекетот во близина на неговиот татко и тренер, Апостолос Циципас, кој доби удар по раката.

Но, бизарната ситуација не заврши тука. Од трибините се приклучи и неговата мајка, поранешната руска тенисерка Јулија Салникова, која реши дека на нејзиниот син му треба мала лекција за добро однесување.

Scroll to Top