Top Sport

Родри со голчиште, на еден клуб од Манчестер му оди фантастично

Манчестер сити се врати на второто место во Премиерлигата, откако стигнаа до рутинска 3:0 победа над Евертон, клуб кој сега нема победа во последните шест меча под водство на Рафаел Бенитез.

Рахим Стерлинг го отвори резултатот во 44. минута по фантастичната асистенција на Жоао Кансело, пред во 55. минута Родри да постигне уште поубав гол од огромна далечина. Бернардо Силва во 85. минута само стави точка на победата за нови три поени за тимот на Пеп Гвардиола, кој сега се искачува пред Ливерпул на табелата со 26 поени, три зад Челси и поен пред Ливерпул.

Евертон, по падот на формата и четвртиот пораз во последните четири меча, се наоѓа на 11. место на табелата со 15 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top