Top Sport

Сампдорија и Венеција со важни победи во борбата за опстанок

Сампдорија и Венеција забележаа важни победи во борбата за избегнување на опасната зона во Серија А во 14. коло од италијанскиот шампионат – Самп со 2:0 славеше кај новиот прволигаш Салернитана, додека Венеција извлече 1:0 победа на гостувањето кај Болоња.

Сампдорија поведе преку автоголот на Франческо ди Такио во 40. минута, за три минути подоцна, ветеранот Антонио Кандрева да го постигне својот петти гол оваа сезона за три поени за гостите од Џенова.

На „Ренато дал’Ара“, Венеција со голот на Нигериецот Дејвид Окереке стигна до својата втора победа во низа за искачување на 13. место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top