Хамес Родригез вели дека не би му било проблем да се врати во Евертон, тврдејќи дека трансферот од „спектакуларниот клуб“ бил присилен од поранешниот менаџер на „карамелите“ Рафа Бенитез.
Колумбиецот направи шокантен трансфер од Реал Мадрид во Евертон во летото 2020 следејќи го својот поранешен тренер Карло Анчелоти, но по една сезона, Анчелоти си замина во Реал Мадрид, а Родригез во септември 2021 беше пратен на позајмица во катарскиот клуб Ал-Рајан.
„Дали би се вратил во Евертон еден ден? Секако, тоа е спектакуларенн клуб со неверојатни навивачи, но се најдов со тренер кој не сакаше да смета на мене. Сакав да останам, но менаџерот не ме сакаше. До последниот ден бев професионалец и тренирав и сакам да се сеќаваат на мене како добра личност и професионалец. Тоа беше одлука на тренерот и мора да го почитувам тоа“, вели Родригез.
Колумбиецот одигра 26 натпревари за Евертон, од кои 23 во Премиерлигата и постигна 6 гола и 8 асистенции. Бенитез, пак, по катастрофалните резултати доби отказ во јануари и беше заменет од Френк Лампард.