Лидерите на Бундеслигата, Борусија Дортмунд во саботата пропуштија 3:0 водство да одиграат 3:3 со Хофенхајм и фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез вели дека сега ривалите се под притисок да го заддржат водството.
Баерн го искористи киксот на лидерите за 3:1 победа над Шалке и се доближи на пет поени до БВБ и Родригез вели дека ривалите знаат дека не смеат да пропуштат поени пред гостувањето на „Алијанц арената“ на 6 април.
„Знаат дека треба да дојдат тука кај нас, така што притисокот е кај нив. За нас тоа не е нова ситуација, ние секогаш сме под притисок. Ќе го заддржиме високото ниво, а ќе видиме дали и тие ќе успеат“, вели Родригез.
Баерн се враќа во Бундеслигата во петок против Аугзбург, додека следниот понеделник Дортмунд гостува на Нирнберг.
Фото: ЕПА