Top Sport

Салах се избричи, Ловрен дури сега му верува

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ги изненади сите со својот нов имиџ, откако утрово се пофали со фотографија на која ја нема неговата препознатлива брада, а оваа објава очигледно едвај ја чекаше неговиот соиграч и добар пријател, Хрватот Дејан Ловрен.

Ловрен, кој неколку пати се „зезаше“ со Салах на социјалните мрежи, вели дека сега конечно верува во годините на египетскиот напаѓач.

„ОК, сега ти верувам дека имаш 26 години“, му коментираше Ловрен на својот соиграч.

Салах му честиташе на Ловрен, но всушност сакаше да дознае нешто друго

Ловрен и Салах си ги „мереа“ стомачните мускули

Scroll to Top