Top Sport

Родриго де Пол поради повреда ќе пропушти два меча за Атлетико Мадрид

Родриго де Пол ќе го пропушти дуелот на Атлетико Мадрид во Ла Лига против Валенсијa поради повреда на бутниот мускул, потврдија од шпанскиот клуб.

Репрезентативецот на Аргентина се мачеше за време на натпреварот на „гаучосите“ против Боливија во квалификациите за СП 2026. Шампионот на Светското првенство во Катар 2022 година го пропушти тренингот на Атлетико Мадрид по враќањето во шпанската престолнина.

29-годишниот играч од средниот ред ќе го пропушти и натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите во Мадрид против Лацио на 19 септември (вторник). Се очекува Аргентинецот да биде целосно фит за дербито со Реал Мадрид на крајот на следната недела.

 

Scroll to Top