Top Sport

Рики Рубио прави пауза во кариерата: Морам да се погрижам за менталното здравје

Шпанскиот репрезентативец Рики Рубио ја стави кошаркарската кариера во мирување истакнувајќи дека мора да се погрижи за своето ментално здравје. НБА играчот нема да игра за селекцијата на Шпанија на Светското првенство.

„Одлучив да паузирам со кошаркарската кариера и да се погрижам за менталното здравје. Сакам да се заблагодарам на Кошаркарската федерација на Шпанија за поддршката. Тие ја разбираат мојата одлука. Семејството е секогаш во прв план. Сакам да се почитува мојата приватност за да го решам ова на вистински начин, а нови информации ќе доставам кога ќе дојде време за тоа“, напиша Рубио.

Шпанецот минатата сезона играше во дресот на Кливленд.

Scroll to Top