Top Sport

Рогиќ: Го напуштам фудбалот, ќе му се посветам на семејството

Поранешниот австралиски репрезентативец Том Рогиќ објави дека ставил крај на својата кариера.

„По долго размислување решив да го напуштам фудбалот. Одлуката ја донесов за да можам да му се посветам на моето семејство. Мојата сопруга и јас добивме ќерка во 2021 година. Сметав дека тоа е најголемиот успех во мојот живот. Следната година јас и мојата сопруга ќе имаме близнаци. Напорно се боревме за ова, а сега ќе имаме близнаци и двегодишно дете. Ми се чини дека сега е вистинското време да се посветиме на семејството“, напиша Рогиќ на својот Инстаграм профил.

Тој истакна дека имал добра фудбалска кариера.

„Поголемиот дел од кариерата го играв за Селтик, еден од најголемите клубови во светот. Играв во Лигата на шампионите и освоив многу трофеи, играв секоја недела пред 60.000 навивачи. Ја претставував мојата земја на 50 натпревари и играв на големи натпреварувања“, додаде Рогиќ.

Рогиќ (30) играше за Селтик од 2013 до 2022 година, а минатата сезона ја мина во Вест Бромвич Албион. За австралиската репрезентација одигра 50 натпревари и постигна 10 голови.

Scroll to Top