Top Sport

Рој Кин: Бекам не требаше да носи „7“ во Јунајтед, Фергусон имаше друг план

Дејвид Бекам во богатата играчка кариера најсилен печат остави во Манчестер Јунајтед, под водство на Сер Алекс Фергусон.

Бекс потекнува од школата на Јунајтед, а во првиот тим беше префрлен во 1993 година. За „црвените ѓаволи“ играше до летото 2003 година по што за 40 милиони евра премина во Реал Мадрид.

Бекам е дел од легендарната генерација која со тимот од Манчестер ги освои сите можни трофеи, а со славната „седмица“ на грбот одигра безмалку 400 меча, постигна 85 гола и имаше 101 асистенција.

Интересно, дресот со број „7“ првобитно не бил наменет за него. Неговиот поранешен соиграч Рој Кин изјави дека Фергусон имал друг план.

„Да се биде капитен е далеку најважно, но битни се и броевите на дресовите. Фергусон еден ден ме викна во канцеларијата и ми рече дека сака да го земам бројот 7. Го одбив тоа затоа што не сакав да се заморувам кој број ќе го носам. На крајот тој број го доби Бекам“ рече Ирецот.

Најпрво Бекам во Манчестер носеше број 24, а во претсезоната 1996 година носеше и „десетка“. Сепак, пред почетокот на таа сезона кај него заврши „седмицата“.

Scroll to Top