Top Sport

ПСЖ лесно со Загреб, следува Динамо Букурешт во осминафинале

Пари Сен-Жермен немаше проблеми со ППД Загреб и со лесна 37:26 победа го потврди второто место во групата А и дуелот со Динамо Букурешт во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако романскиот клуб и во вториот меч беше подобар од Спортинг Лисабон победувајќи со 26:24 во баражот за осминафинале.

Сандер Сагосен постигна осум гола, по три имаа Реми, Лука Карабатиќ и Кеита, додека за Загреб, Шипиќ и Мандиќ беа единствени кои постигнаа повеќе од еден гол (двајцата по два).

Со ова се познати сите осминафиналисти во европското елитно натпреварување, и се потврди дека Вардар ќе го пречека силниот Пик Сегед во својот дуел. Барселона и Кил, како победници на групите се директно во четврт-финале.

ГРУПА А

Алборг – Елверум 30:28 (18:11)

Пари Сен-Жермен – ППД Загреб 37:26 (17:12)

Конечна табела: 1.Барселона 26, 2.ПСЖ 22, 3.Пик Сегед 20, 4.Флензбург 15, 5.Алборг 15, 6.Целје 6, 7.Загреб 5, 8.Елверум 3

ОСМИНАФИНАЛЕ

Динамо Букурешт – Пари Сен-Жермен

Висла Плоцк – Веспрем

Вардар – Пик Сегед

Целје – Кјелце

Порто – Флензбург

Алборг – Монпелје

Директно во четврт-финале: Кил, Барселона

Scroll to Top