Top Sport

Рој Кин прво ги налути Бразилците со критиките за танцовите, сега славеше лудо кога даде гол

Рој Кин, поранешниот ирски репрезнтативец и екскапитен на Манчестер јунајтед, неодамна го налути цел Бразил со критиките за танцувањето по секој гол при 4:1 победата над Јужна Кореја, добивајќи лекции дека тоа е во „природата“ на бразилскиот фудбал и дека се работи за традиција која ќе продолжи – радост во фудбалот, а не потценување на противникот.

Сега, неколку дена подоцна, на слободниот ден од СП, тој како дел од коментаторскиот тим учествуваше во фудбалски меч помеѓу екипите на „Би-би-си“ и „ИТВ“ и кога постигна гол против својот чест партнер во коментаторските задачи, Мајка Ричардс, не успеа да се воздржи и прослави со соблекување на дресот. И не доби картон.

Кин ги критикува Бразилците: Како да гледам Танц со ѕвездите

Scroll to Top