Top Sport

Рој Кин: Сега би го грабнал Солскјер за врат!

По вчерашниот неуспех на Манчестер Јунајтед во дербито со градскиот ривал Сити, легендата на „ѓаволите“ Рој Кин жестоко ја критикуваше тактиката на Оле Гунар Солскјер.

„Би го фатил Оле за врат и би го прашал, зошто ти игра Фред? Сите менаџери носат свои одлуки, работат со играчите секој ден, но мене ме интересира зошто Фред игра на средината на теренот. Солскјер мора да преземе одговорност за тоа“ вели Кин за Фред кој сезонава стартуваше на 11 лигашки натпревари.

Инаку Рој Кин важи за еден од оние кои жестоко го бранат менаџерот на Јунајтед, ама…

„Јунајтед е во лоша позиција, но постои излез од тоа. Дали е Оле човекот кој може да ги извлече? Огромни прашалници, се надевам дека може, но тоа е повеќе надеж отколки верба. Секогаш кога играат лошо – Оле е виновен. Дојде во Јунајтед во тежок момент и управува со еден од најголемите светски клубови“ заклучи прославениот капитен на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top