Top Sport

Рој Кин во актерско деби, доби порака: „Е.и се!“ (видео)

Легендарниот поранешен капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин имаше репутација на бескомпромисен човек на теренот и надвор од него, но овојпат тој не беше човекот кој „тера“ некого по ѓаволите при своето актерско деби во ирската ТВ серија „Young Offenders” – во кое доби јасна порака: „Е.и се!“.

ТВ-серијата ги следи животите на Џок О’Киф и Конор Мексвини заедно со нивната мајка Мејдрид, а дејството се одвива во градот Корк, каде што е роден поранешниот ирски репрезентативец. Со шал на локалниот клуб Корк сити, тој тропа на комбито во кое се ликовите и им дава понуда: „Ако не одите никаде, има ли шанса за вечера со риба“. На ова тој добива јасен одговор.

Кин бееш 12 години во Јунајтед, освојувајќи ја Лигата на шампионите и седум трофеи од Премиер лигата, по што играше за Селтик, пред да стане тренер накратко и сега ТВ-коментатор.

Scroll to Top