Top Sport

Еди Џордан: Хамилтон е класа пред Шумахер

Еди Џордан, поранешниот сопственик на Ф1 тим и човекот кој прв му даде шанса на Михаел Шумахер да вози во Формула 1 смета дека Луис Хамилтон и покрај тоа што заостанува една титула зад Германецот, веќе ги надминал неговите остварувања.

Џордан не само што мисли дека Хамилтон е исто толку добар како Шумахер, туку дека го поминал поради тоа што Германецот користел „политика“ во своите тимови за да добие улога на возач број 1.

„Секој има свое мислење, но според мене веќе го помина Шумахер. Михаел стартуваше со мене во Ф1, така што секогаш има некоја посебна врска со него, но има некои работи кои луѓето како да не сакаат да ги сфатат. Тогаш работев со луѓе како Рубенс Барикело, Еди Ирвајн, Џанкарло Физикела и Жан Алези и секојпат кога одевме да потпишеме договор со Михаел, секогаш имаше услови и немаше шанса да видиме трка како во Тексас кога Ботас го помина Хамилтон. За мене, тоа е ’дамката’ кај Михаел. Седум титули? Колку ќе освоеше да не го имаше тоа влијание во своите тимови? Луис е во сосема друга лига, бидејќи до успехот стигна сам и треба да биде горд“, вели Џордан.

Scroll to Top