Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин влезе во расправија со легендата на Арсенал, Јан Рајт откако двајцата го анализираа мечот Англија-Исланд и активностите на Џејмс Ворд-Прoуз по кој Биркир Бјарнасон го утна пеналот во финишот на мечот.
Бјарнасон го утна пеналот во судиското продолжение кратко откако Рахим Стерлинг ги донесе Англичаните во водство, но ТВ-снимките покажаа како Ворд-Прoуз ја „уништува“ белата точка со своите копачки пред изведувањето на пеналот. Рајт го пофали за ова, бидејќи треба да се победи по секоја цена, но Кин не беше импресиониран.
„Тоа е мамење! Тоа не е дозволено и нема што друго да се каже“, изјави Кин.
Roy Keane bluntly branding England's James Ward-Prowse a cheat for his role in Iceland's penalty miss. Has no time for Ian Wright's defence… pic.twitter.com/WVD9i9Ix32
— Chris Hammer (@ChrisHammer180) September 5, 2020