Top Sport

Новак добива моќен сојузник во Серена Вилијамс?

Шесткратната шампионка од САД опен, Серена Вилијамс потврди дека веќе разговарала со Новак Ѓоковиќ околу неговиот новоформиран тениски синдикат, но не открива што точно биле нејзините забелешки.

Ѓоковиќ си даде оставка од престижната позиција на претседател на Советот на играчи на АТП и формираше нова асоцијација на играчи (ПТПА) заедно со Васек Поспишил пред американскиот гренд слем и доби поддршка од повеќе тенисери, но не и од Роџер Федерер и Рафаел Надал кои сметаа дека е потребно единство меѓу тенисерите. Енди Мареј го критикуваше Ѓоковиќ што се решил да ги собере само машките тенисери, но Србинот одговори дека е отворен за можноста за тенисерките да се приклучат и дека веќе разговарале со Вилијамс и Слоун Стивенс.

„Да, зборувавме малку со Новак пред некој ден. Тоа што беше кажано останува меѓу нас двајца. Сега сум навистина фокусирана на турнирот и не можам да размислувам за тоа. Добра сум за чување тајни и сега се фокусирам на тенисот“, вели Вилијамс, откако пред неколку дена изјави дека секогаш била членка на „Тимот Ѓоковиќ“.

Федерер, Надал и Мареј контра „паралелната“ организација на Ѓоковиќ

Scroll to Top