Top Sport

Ројс својот јубилеен 362. меч за Дортмунд го прослави со гол и победа

Марко Ројс ќе остане запаметен како легенда на Борусија Дортмунд, откако при 1:0 победата над Хофенхајм во првиот меч од 5. коло во Бундеслигата, не само што го постигна единствениот гол, туку израмни и рекорд по бројот на настапи за „милионерите“.

Капитенот на Дортмунд, го имаше својот 362. настап за клубот, со што се израмни со Себастијан Кел на вечната лиса. Поранешниот дефанзивец, Кел, да потсетиме, сега е спортски директор на клубот. Во овие 362 мечеви, Ројс има 155 гола и 117 асистенции, запишувајќи се во историјата на клубот.

И покрај низата повреди кои ја намалија неговата минутажа, 33-годишниот Ројс во 16. минута го отвори резултатот по асистенција на Јулијан Бранд, по што тимот на Един Терзиќ ја забележа четвртата победа во првите пет кола за искачување на првото место, барем до утре.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top