Top Sport

Роландо за драматично финале на Марсеј (видео)

Олимпик Марсеј на стадионот на еден од своите најголеми ривали Лион, ќе ја брка титулата од Лигата на Европа против фаворизираниот Атлетико Мадрид, откако во драматична завршница успеа да го исфрли мотивираниот тим на Салцбург и покрај 2:1 поразот по продолженијата.

Марсеј допатува во Австрија со 2:0 од „Велодром“ и многумина веднаш би се обложиле дека лесно ќе поминеа во Салцбург, меѓутоа, домашниот тим, чиј главен спонзор е Ред бул реши да не се предаде од стартот на мечот.

Амаду Хајдара во 53. минута од мечот со фантастичен соло-продор успеа да влезе во шестнаесетникот на Марсеј и да донесе водство за домаќините. Во 65. минута од мечот Шлагер шутираше, Бар ја закачи топката и веќе беше 2:0, идентично како на првиот натпревар.

Кога се мислеше дека следуваат пенали, Португалецот Роландо по еден корнер на Димитри Паје постигна гол, што значеше дека Марсеј ќе го игра своето петто европско финале во потрага за втората титула.

Марсеј во 1993 година ја освои Лигата на шампионите, но оттогаш двапати губеше во УЕФА купот – во 1999 од Парма (0:3) и во 2004 од Валенсија (0:2).


Scroll to Top