Top Sport

Диего Коста ги однесе Атлетико во ново финале, нема трофеј за Венгер (видео)

Диего Коста чекаше долго за да може да заигра за Атлетико Мадрид оваа сезона по заминувањето од Челси, и сега им врати на „јорганџиите“ со единствениот гол во дуелот со Арсенал по кој шпанскиот клуб е во финалето на Лигата на Европа по 1:1 во Лондон.

Атлетико да го дознае противникот ќе почека барем уште половина час, бидејќи мечот меѓу Салцбург и Марсеј заврши со 2:0 предност за Австријците, идентичен резултат кој беше постигнат и на „Велодром“.

Арсен Венгер се надеваше дека со трофеј ќе се прости од Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб, но наместо тоа ќе мора да се задоволи со уште две кола во Премиер лигата, пред да замине на ново работно место.

Моментот на одлука се случи во финишот на првото полувреме кога Антоан Гризман му даде совршена топка на Коста, кој немаше проблем да го совлада Оспина за делириум на „Ванда Метрополитано“.

Оваа година два мадридски клубови ќе се борат за европските трофеи, откако Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде што ќе се судри со Ливерпул.

Фото: ЕПА

Scroll to Top