Top Sport

Рома демантира дека Мурињо е пред отказ

Рома катастровално влезе во новата сезоната. По седум одиграни натпревари, тимот на Жозе Мурињо е само 13. во Серија А, со само осум освоени бода.

Весникот „Кориере дело Спорт“, тврди дека португалскиот тренер е на прагот да добие отказ и дека неделниот натпревар против Каљари може да биде последен за него доколку Рома не победи.

Уште повеќе, овој извор пишува дека управата на Рома веќе нашла замена за Мурињо, а тоа е Ханси Флик, поранешниот тренер на Баерн и до неодамна селектор на германската фудбалска репрезентација.

Но, италијанската новинска агенција АНСА доби одговор од Рим. Тврдењата на „Кориере дело Спорт“ ги оценија како „лажни вести“ и негираа дека сакале да го отпуштат Мурињо, односно дека веќе постигнале договор со Флик.

Scroll to Top