Рома потврди дека Давиде Запакоста вечерва пристигнува во Италија за да ја комплетира позајмицата од Челси.
Откако прво „Скај спорт Италија“ ја објави веста, портпаролот на Рома потврди дека Запакоста пристигнува во Рим во 23:30 часот.
Десниот бек пристигна во Челси летото 2017 година за 20 милиони евра плус бонуси, но не успеа да се пробие во првиот тим на „Стемфорд бриџ“ и сега ќе биде лидер на Рома, откако „волчицата“ го прати Рик Касдорп во Феенорд, а се очекува и продажбата на Давиде Сантон на Реал Мајорка. 27-годишниот Запакоста доаѓа на едногодишна позајмица со опција за откуп на договорот.
?23.30 FCO? pic.twitter.com/HeqFLokHCh
— Lorenzo Serafini (@LoreSerafins) August 20, 2019