Top Sport

Рома го загуби Ејбрахам за наредните шест месеци на последниот меч во сезоната

Англискиот напаѓач Тами Ејбрахам во последниот натпревар од сезоната за Рома заработи сериозна повреда. Тој ги скинал предните вкрстени лигаменти и го очекува пауза од најмалку шест месеци.

По мечот, Англичанецот беше подложен на магнетна резонанца, со што беше констатирана сериозната повреда.

Ејбрахам влезе во игра вчера во 64. минута, на местото на Андреа Белоти, но издржа само околу петнаесет минути, а потоа падна на теренот и беше изнесен со помош на лекарскиот тим.

Сериозната повреда на Тами Ејбрахам е голем удар за Рома, со оглед дека за напаѓачот постоеше голем интерес во пресрет на преодниот рок, а сега клубот ќе мора да бара и нов напаѓач за почетокот на следната сезона.

Scroll to Top