Top Sport

Нова сјајна партија во Евролига – Мициќ е МВП на колото (видео)

Српскиот кошаркар од Ефес, Василије Мициќ прогласен е за најкорисен играч во петтото коло во кошаркарската Евролига.

Турската екипа во ова коло ја победи Црвена звезда со 85-70, а Мициќ мечот против поранешниот клуб го заврши со 26 поени (рекорд во кариерата), со индекс на корисност од 29.

Зад него останаа Алексеј Швед од Химки со индекс 28 и Матеуш Понитка од Зенит со индекс 27.

Плејмејкерот на Ефес по вторпат сезонава е прогласен за најкорисен играч на колото.

Scroll to Top