Рома и Лацио, двата римски клубови кои вообичаено се лути ривали, овојпат во заедничка одлука ги поставија двата дреса кои Синиша Михајловиќ ги носеше кога беше нивни фудбалер во „Куќата на славните“ на стадионот „Олимпико“.
Поранешниот тренер на Болоња почина во декември на само 53 години по долгата борба со леукемијата, по што следуваа голем број на почести во италијанскиот и во српскиот фудбал.
Михајловиќ помина две сезони во Рома, од 1992 до 1994 година, пред да направи трансфер во Сампдорија. По четири години во Џенова, тој се врати во престолнината, поминувајќи шест сезони со Лацио.
Сопругата на Михајловиќ, Аријана не можеше да ги сокрие емоциите.
„Ова е прекрасен ден, со многу емоции за мене и моите деца. Љубовта која ја покажавте кон Синиша ни оддава почит и чест. Поминавме низ тешки денови, но ја следиме пораката на Синиша во нашите срца“, изјави Аријана.
Sport e Salute, con S.S. Lazio e A.S. Roma celebrano Sinisa Mihailovic nel giorno del suo 54º compleanno
Sinisa per sempre 💙 pic.twitter.com/8wycQJAl5y— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) February 20, 2023
L'#ASRoma ha partecipato alla cerimonia di inserimento di Sinisa Mihajlovic tra le Leggende dello Stadio Olimpico
📋 https://t.co/qUTdTiqlPh pic.twitter.com/k4YZUpPTpF
— AS Roma (@OfficialASRoma) February 20, 2023