Top Sport

Рома и Мурињо кренаа европска титула – во Тирана „падна“ Феенорд

Жозе Мурињо стигна до својата петта европска титула, откако неговите Рома стигнаа до 1:0 победа над Феенорд во финалето на новата Конференциска лига на Европа, обезбедувајќи прв трофеј во витрините на „волчицата“ од тој од Копа Италија во 2008 година.

Мурињо со ова дефинтивно ги оправда очекувањата на страствените навивачи на клубот од италијанската престолнина, и покажа дека е „експерт“ за европските купови. По титулите од Лигата на шампионите со Порто (2004) и Интер (2010), УЕФА купот со Порто (2002) и Лига Европа со Манчестер јунајтед (2017), ова е уште едно големо достигнување на „Специјалниот“.

Херој на „волчицата“ беше Николо Заниоло, кој во 32. минута од мечот по одличната асистенција на Џанлука Манчини успеа да постигне убав гол. По ова, Феенорд може да жали што на почетокот на второто полувреме не успеа да израмни, за што е најзаслужен Руи Патрисио на голот на Рома, кој имаше две одлични одбрани.

Ова е прв европски успех на Рома во 94-годишната историја на клубот, додека Феенорд не успеаја да стигнат до четврти европски трофеј по титулите во ЛШ (1970) и УЕФА купот (1974, 2002).

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top