Top Sport

Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

„Кралот“ на Ролан Гарос, 13-кратниот шампион Рафаел Надал се пласираше во третото коло на францускиот гренд слем, откако во вечерната сесија во Париз со 6:3/6:1/6:4 за два часа и 12 минути го совлада домашниот тенисер, Корентин Муте.

Надал, кој оваа сезона не освои ниту еден турнир на неговата омилена подлога, се мачеше со повреди на стапалото и на грбот во текот на пролетната сезона, но тоа не го мачеше во дуелот против Муте, остварувајќи рутинска победа, во која проблем беше само последниот сет, кога во финишот Муте направи брејк.

Следен за Шпанецот е Холанѓанецот Ботик ван Цандшлуп,  светскиот број 29., кој влезе во третото коло откако Фабио Фоњини се повлече при 6:4/7:6(2)/3:2 водство на противникот.

Scroll to Top