Top Sport

Рома и ПСЖ во трка за потписот на Заха

Жозе Мурињо ќе остане во Рома, а раководството на клубот напорно работи за да му обезбеди адекватни засилувања за следната сезона.

Францускиот фудбалер Хусем Ауар прв ја заслили Рома. Во Рим тој пристигна како слободен играч. По Ауар, нов играч на Рома би можел да стане Вилфрид Заха (30). Крилниот напаѓач, за две недели ќе биде слободен играч, откако одби да го продолжи договорот.

За потписот на Заха, Рома ќе има сериозна конкуренција, во два финансиски моќни клуба. Интерес за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска покажале ПСЖ и Ал Наср, клуб чии дрес го носи Кристијано Роналдо.

Извори блиски до фудбалерот наведуваат дека тој не е претерано заинтересиран да се пресели во Саудиска Арабија и дека тој сака да остане во Европа.

ПСЖ би можел да му понуди подобри услови од Рома, но прашање е колку Заха ќе има можност да игра во Париз, бидејќи игра на позицијата на која што во овој тим неприкосновен е Килијан Мбапе.

Scroll to Top