Top Sport

Рома има најслаб старт во Серија А во последните 13 години

Џенова ја победи Рома со 4:1 во последниот натпревар од шестото коло во Италија. Тимот на Жозе Мурињо лошо го започна новиот шампионат во Серија А. Рома во моментот се наоѓа на 16. позиција на табелата со само пет освоени бода.

Тоа е најслаб старт на „волчицата“ во првенството на Италија од далечната 2010 година.

„Грифоните“ поактивно го започнаа натпреварот и во петтата минута Алберт Гудмундсон го отвори резултатот. Рома успеа да израмни во 22. минута преку Брајан Кристанте.

Во последната минута од првото полувреме Матео Ретеги и донесе ново водство на Џенова, а во вториот дел Мортен Торсби и Жуниор Месијас ги поставија конечните 4:1.

Scroll to Top