Top Sport

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 40.000 долари во Куршумлиска бања, Србија.

Ѓорческа во четвртфиналето во два сета лесно се справи со Французинката Луис Боисон победувајќи ја со 7:5,  7:6.

Во полуфиналето македонската тенисерка ќе се соочи со Доминика Салкова од Чешка.

Scroll to Top