По два меча во кои одиграа нерешено, Рома, конечно, стигна до победа од 4:2 над Сасуоло со четири гола постигнати во фуриозното прво полувреме.
Брајан Кристанте ја отвори низата голови во 12. минута, за осум минути подоцна балканската „врска“ Александар Коларов-Един Џеко да донесе удвојување на предноста. Хенрик Мхитарјан своето деби во дресот на „волчицата“ го одбележа со гол само две минути подоцна, а убедливото прво полувреме го комплетираше Јустин Клајверт со гол во 33. минута.
Домаќините направија доволно во првото полувреме, за да си дозволат во второто полувреме да примат два гола (двата ги постигна Доменико Берарди) за конечни 4:2.