Top Sport

Рома попушти, Коларов се сели во Фенербахче

Конечно падна договор, српскиот фудбалски репрезентативец преоѓа од Рома во Фенербахче, пишуваат турските медиуми.
Според засега неофицијални извори, Фенербахче успеал да ја спушти цената за дефанзивецот со разорен удар во однос на почетните 4 милиони евра, колку Рома бараше за него.

Наводно, Коларов со турскиот тим се договорил уште порано, па ќе потпише двегодишен договор вреден 5,6 милиони евра.

Коларов на почетокот на кариерата настапуваше за Чукарички и ОФК Београд во Србија, па потоа настапуваше за Лацио, Манчестер Сити и сега во Рома.

Scroll to Top