Top Sport

Се повреди Годин, новиот играч на Интер ќе паузира три недели

Милански Интер се подготвува за почетокот на Серија А под водство на новиот стратег Антонио Конте. Сепак пристигнаа лоши вести за „Нероазурите“.

Големото засилување за одбраната на Интер, Уругваецот Диего Годин се повредил на тренинг, поради што ќе мора да паузира најмалку три недели и голема е веројатноста дека ќе го пропушти првото коло на 26 август против Лече на „Меаца“.

Годин од Атлетико дојде во Интер како слободен играч, а на екипата и се приклучи пред десетина дена затоа што доби дополнителен одмор по Копа Америка. Досега за Интер одигра само 25 минути, на пријателскиот меч со ПСЖ.

„Извршени се клинички прегледи, Диего има повреда на мускулот на левата нога и го чека пауза од 3 недели. Ќе го следиме текот на настаните од недела во недела“ – порачаа од Интер.

Според информациите од Апенините, Уругваецот би требало да е подготвен за настап во второто коло во италијанското фудбалско првенство, против Калјари по што ледува репрезентативна пауза.

Scroll to Top