Top Sport

Рома преку Сампдорија влезе во зоната за ЛШ

Рома ја победи Сампдорија со 3:0 на „Олимпико“ и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А која води во ЛШ. „Волчицата“ го искористи поразот на Интер и бодовно се израмни со „нероаѕурите“ кои се на третото место.

Тимот на Жозе Мурињо беше подобар во првото полувреме, но не успеа да постигне водечки погодок. Во вториот дел, Сампдорија остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Мурилјо, а тоа Рома знаеше да го искористи.

Вајналдум донесе предност со голот во 57.минута, а во финишот Дибала од пенал и Ел Шарави обезбедија убедлив триумф.

Scroll to Top