Рома стигна до важна 2:1 победа над Болоња на Синиша Михајловиќ, за да се искачи на петтото место во Серија А со само еден поен зад Милан по комплетирањето на 24. коло во италијанскиот шампионат.
Гостите имаа неколку добри шанси во првото полувреме, пред „волчицата“ да добие пенал во 55. минута по фаулот над Стефан Ел Шарави, а Александар Коларов беше сигурен од белата точка. Водството беше удвоено во 73. минута преку Фацио, пред Сансоне да ги постави конечните 2:1 во 84. минута од мечот со еден прекрасен гол.
Болоња останува во зоната за испаѓање на 18. место со 18 поени, три помалку од 17-пласираниот тим на Емполи.