Top Sport

Рома во финишот ја скрши Верона

Рома оствари значајна победа (1:3) на гости против Верона, но мораше да се намачи за да ги освои трите бода. Дури во финишот избраниците на Жозе Мурињо го скршија отпорот на жилавиот домаќин кој од 36.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Павел Давидович. Истиот фудбалер претходно и донесе предност за Верона.

Заниоло успеа да израмни пред крајот на првиот дел, а ќе остане запаметено и промашувањето на Тами Ејрахам, кој не погоди празна мрежа уште во 19.минута.

Во второто полувреме Мурињо направи три клучни замени, во игра влегоа Паловино, Матиќ и Ел Шарави.

Првиот го постигна водечкиот гол за Рома на асистенција на Матиќ во 88.минута, а во судиското продолжение му асистираше на Ел Шарави, кој ги постави конечните 1:3.

Scroll to Top