Top Sport

Академија Пандев не ја прифати оставката на тренерот Васоски

Александар Васоски и во иднина ќе ја врши тренерската улога во тимот на Академија Пандев. Тој поднесе оставка по поразот (0:2) од Работнички во последното коло од шампионатот, но раководството на клубот, сепак, не ја прифати. Со оценка дека тој е еден од најдобрите тренери во Македонија, Академија Пандев се надева дека Васоски и фудбалерите брзо ќе излезат од резултатската криза.

Академија Пандев во моментот се наоѓа на претпоследното место на табелата во Првата лига со само осум освоени бода.

Scroll to Top