Еден навивач на Рома, Даниеле Ченчи, на Твитер ја објави својата трогателна порака од неговиот починат татко и неговиот подарок кој го оставил пред да почине, уште еднаш покажувајќи дека љубовта кон својот омилен клуб нема граници.
Таткото на Ченчи починал на 8 ноември од рак, но му купил божиќен подарок на својот син – заштитна маска со логото на Рома и со неверојатна порака: „Драг Дани, продолжи да навиваш за нив и за мене. Те сака, тато“.
„Мојот татко ме напушти на 8 ноември, но вчера кога ги отворив подароците, го пронајдов овој“, напиша Даниеле на Твитер.
@OfficialASRoma l’8 novembre mio papà mi ha lasciato ma ieri apre do i regali ho trovato questo…. pic.twitter.com/ejsAugPmON
— Daniele Cenci (@danielecenc) December 25, 2020