Top Sport

Роман Пављученко ја заврши кариерата

Поранешниот напаѓач на Спартак Москва, Тотенхем и руската фудбалска репрезентација, Роман Пављученко ја заврши кариерата на 41. годишна возраст, објавија руските и британските медиуми.

Пављученко настапуваше за рускиот третолигаш Знамја од Ногинск, а поради тоа што доби осум натпревари суспензија поради напад на противник реши да престане да игра фудбал.

Русинот во својата кариера настапуваше за Динамо Ставропол, Ротор од Волгоград, Спартак од Москва, Тотенхем, Локомотив од Москва, Кубан од Краснодар, Урал, Арарат од Москва, а во 2020 година се приклучи на тимот Знамје од Ногинск, за кој постигна гол. 36 гола на 57 натпревари.голови.

За руската репрезентација Пављученко одигра 51 натпревар и постигна 21 гол, а беше дел и од репрезентацијата која во 2008 година стигна до полуфиналето на Европското првенство.

Scroll to Top