Top Sport

Шоумен или кловн? Антони по непотребниот потег и критиките одговори: Нема да сопрам!

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони вети дека нема да сопре да го прави тоа „што го донело таму каде што е“ откако беше предмет на критики за непотребното „свртување“ против Шериф во Лига Европа.

Бразилецот, кој очигледно има квалитети во играта со топката за што Јунајтед платија 85 милиони фунти да го донесат од Ајакс, со својот акробатски потег ги налути коментаторите во Англија, кои сметаа дека тоа што го прави при резултат 0:0 е непотребно и потценувачки за противникот.

„Сакам да видам вештина, но мислам дека тоа не беше ниту вештина, ниту забава. Тоа беше само да се однесуваш како кловн, нели?“, изјави Пол Сколс по мечот.

Ова се случи во 37. минута од мечот, и Ерик Тен Хаг го повлече Бразилецот во игра на полувреме, а по мечот изјави дека ќе разговара со својот фудбалер.

„Немам проблем со трикови, доколку се функционални. Ќе барам повеќе од него, повеќе да трча назад, повеќе да влегува во шестнаесетник… Кога има таков трик, добро е кога е функционално. Ако не ја загубиш топката, тогаш океј, но ако е само трик поради трик, ќе го корегирам“, вели Тен Хаг.

Антони пак, на Инстаграм се јави со порака: „Ние сме познати по нашата уметност и нема да сопрам да го правам тоа што ме донесе таму каде што сум“.

Scroll to Top