Top Sport

Почина легендарен атлетичар – олимписки, светски и европски првак

Поранешниот германски атлетичар Хартвинг Гаудер починал на 65 годишна возраст од срцев удар. Гаудер бил олимписки, светски и европски шампион во брзо одење во 80 години од минатиот век.

Најголемиот успех во кариерата го постигнал на Олимписките игри во Москва во 1980 година, кога како репрезентативец на Источна Германија победи во дисциплината 50 километри брзо одење.

Еврпопски првак стана во 1986 година во Штутгарт, а една година подоцна во Рим стана и светски шампион.

Гаудер имал трансплантација на срцето во 2003 година, а во историјата влезе како прв човек со трансплантирано срце кој се искачил на највисокиот врв на планината Фуџи во Јапонија. Исто така успеал да ги истрча маратоните во Берлин и Њујорк.

Scroll to Top