Top Sport

Романскиот судија Колцеску суспендиран и пратен на „едукација“

УЕФА го суспендираше романскиот судија Себастијан Колцеску до крајот на сезоната за инцидентот кој се случи на мечот Пари Сен-Жермен-Башакшехир, кога го нарече помошникот тренер на турскиот клуб, Пјер Вебо „црниот“ предизвикувајќи прекин на мечот.

Мечот на 8 декември беше сопрен по само 13 минути, откако Вебо доби црвен картон по приговорите кои ги дофрлаше на Колцеску, тогаш четврт судија на мечот. Фудбалерите одбија да се вратат на теренот и мечот се преигра утредента кога четирите романски судии беа сменети.

УЕФА оценила дека Колцеску е суспендиран за „непримерно однесување за време на меч на УЕФА“ и тој мора да оди на „едукациска програма до 30 јуни 2021 година). Суспензијата ќе важи за домашните мечеви во Романија бидејќи тој веќе е тргнат од интернационалната листа на ФИФА. За инцидентот „укор“ доби и помошникот судија Октавијан Совре, и тој ќе мора да оди на едукациска програма.

Колцеску секогаш се бранеше дека зборот negro едноставно значи „црно“ на романски.

Проблематичниот судија на ПСЖ-Башакшехир е Романецот Колцеску

Scroll to Top