Бразилската фудбалска легенда, Ромарио, на својот млад сонародник, Габиел Жесус, му го отрил рецептот за успешен Мундијал. Жесус (21), во Русија, прв пат во кариерата ќе учествува на светско првенство.
„Имај многу секс, тоа е еден од советите што можам да ти ги дадам. Исто така релаксирај се кога ќе имаш слободни денови, а на денот на натпреварите и на самите натпревари во главата треба да ти биде само фудбалот“, изјавил Ромарио за бразилските медиуми.
Ромарио се наоѓа на четвртото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на бразилската репрезентација, зад него со два гола помалку е Нејмар. Поранешната ѕвезда на Барселона, смета дека Габриел Жесус поседува огромен потенцијал.
„Тој добро знае со каков квалитет располага и тшо тоа значи за бразилскиот национален тим. Најважно е да постигна гол на светското првенство“, дополнил Ромарио.
Ромарио де Соуса Фариа како член на бразилската репрезентација го освои светското првенство во 1994 година.