Top Sport

Роналдињо: Мислев дека во затворот ќе ме тепаат секој ден

Легендарниот Роналдињо остана со измешани чувства додека беше во затвор. Бразилецот отиде зад решетки во Парагвај во март 2020 година, а на крајот на август беше ослободен заедно со неговиот брат.

Поранешниот фудбалер сподели дека кон него се однесувале на посебен начин, што навистина не го очекувал. Тој откри дека неговите фудбалски вештини се покажале сосема доволни за да ги забавува затворениците и чуварите.

„Влегов во затворот верувајќи дека ќе ме тепаат секој ден и ќе ги правам сите оние работи што обично им ги прават на затворениците на такво место. Наместо тоа, затворениците ги повикаа чуварите и ја побараа топката за да им покажам трикови за да ги забавувам. Веќе следното утро одигравме неколку натпревари пет на пет против редарите“, сподели поранешниот бразилски репрезентативец.

Додека беше зад решетки, 42-годишната легенда учествуваше на бројни турнири во мал фудбал.

Роналдињо доби 171 ден затвор поради фалсификување пасоши. Професионалната кариера на Бразилецот помина низ Барселона, Пари Сен Жермен, Милан, локалниот Гремио, Фламенго, Атлетико Минеиро и Флуминенсе, како и преку мексиканскиот Керетаро. Тој стави крај на кариерата во 2018 година.

Scroll to Top